Ношпал
Населбата се наоѓа во северниот дел на Битолското поле и во североисточна насока на Општина Могила. Селото исклучиво е рамнинско на 586 м. надморска височина. Од Могила е оддалечено 16 км., а од Битола – 26 км. Има плодна почва и повеќе археолошки локалитети.
Населбата е средна по големина, но со намалување на бројот на жителите таа прерасна во мала. Така во 1961 г. селото имало максимум 572 жители, а во 2002 г. 348 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 200 жители. Најголем број од населението се доселило во Битола, Прилеп, Скопје, Охрид, прекуокеанските земји и Европа. Во 2008 г. во селото имаше 350 жители.
Селото има две цркви. Св. Никола и Св. Петка 1984 г.
Црквата „Св. Никола“ е изградена в 1865 г., на место на древни градби од антиката.
Тумба е археолошки локалитет во битолското село Ношпал. Локалитетот претставува населба од неолитско и римско време. Се наоѓа на околу 2,5 км. југозападно од селото, каде при обработувањето на земјата се откриени ѕидови градени од камен, варов малтер и тули. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови од неолитското и римското време.