Долна Чарлија

        Населбата се наоѓа во населбата на Битолското Поле, т.е среде ливади, а ливади на турски се чаир и според тоа го добило името. Први податоци за селото среќаваме во 1568 г. кога во него живееле 254 жители.

        Селото е рамничарско, сместено на 582 м. надморска височина. Од Могила е оддалечено 8 км., а од Битола 19 км. Атарот им е заеднички со село Горно Чарлија.

        Во 1961 г. селото броело 538 жители. Додека во 2002 г. бројот се намалил на 198 жители. Од оваа населба се иселиле над 300 лица. Најголем број во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европските држави. Во 2008 г. во селото имаше 190 жители.

       Црквата во селото е посветена на Св. Димитриј (изградена 1895 г. на стари темели), слава на селото е Митровден.

Цркви и Манастири

Св. Димитрија