Горна Чарлија
Населбата се наоѓа во центарот на полето, т.е. среде ливади, а апелативот ливади на турски значи Чаир. Од тука доаѓа и името на сегашното Чарлија. Во 1900 година во Горно Чарлија живееле максимален број од 120 жители. Во 1914 година покрај Горно и Долно Чарлија регистрирано e и средно Чарлија со 60 жители. Што се случило со ова село нема податоци.
Населбата се наоѓа во северниот рамничарски дел на Битолското Поле, лоцирано од левата страна на Црна Река на 583 м надморска височчина и во централен дел на Општина Могила. Од градот Битола населбата е оддалечена 17 км., а од Могила 10 км. Атарот зафаќа простор од 10,8 км2.
Населбата е мала и е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 77 жители, а во 2002 година само 3 жители. Населението се иселило во соседните села, Битола, и прекуокеанските земји. За црквовни обреди се користела црквата Св. Димитриј од Долна Чарлија.
Моментално во селото нема постојани жители.