Добрушево

        Населбата се наоѓа во североисточниот дел на Битолското Поле, на левата страна на Црна Река. Селото е рамнинско на 595м.н.в. Населбата од Могила е оддалечена 14км, а од Битола 24км.

        Според легенда, прв во месноста се населил некој си Добруш и по неговото име и населбата била именувана.

        Добрушево е голема населба, но во последните три децении, бројот на жители значително се намалил. Карактеристично за ова село е дека многу се негува Христијанството. Повеќе од 20 свештени лица (попови) излегле од ова село. Актуелниот Архиепископ Г.Г. Стефан потекнува од ова село.

        Во 1961г. селото имало 1182 жители, додека во 2002г. бројот се намалил на 624 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 600 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, преку океанските земји и Европските држави.

        Црквата во селото е посветена на Вознесение Христово – Спасовден. Подигната 1860г. Во Првата светска Војна до темел разрушена, додека во 1924г. изградена на старите темели. Реновирана во 60-тите години, а потоа обновена во 90-тите години на 20-ти век со донаторска помош на иселеници – роднокрајци.

 

Цркви и Манастири

Св. Спас