Будаково
Името на населбата води потекло од некојси Буде (Будимир) кој го формирал селото. Будаково во последните три века наназад е населено со Турци.
Будаково се наоѓа на североситочната страна на Битолското Поле, а во средишниот дел на Пелагонија. Селото е рамнинско, подигнато на 585 м надморска височина. Од Битола е оддалечено 18 км., а од Могила 8 км. Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 5,1 км2. и има исклучиво рамнински карактер. Селото има полјоделска функција. Во него работи училиште до 5 одделение.
Најголем број жители во населбата се регистриани во 1953 година кога имало 655 жители. Во 2002 г. имало 248 жители од кои 200 Турци. Во 2008 Будаково броело 198 жители. Најголем број од жителите се иселени во Битола, Турција (Истанбул), Германија и прекуокеанските земји.
Црква во селото нема регистрирано. Се претпоставува дека имало, но со доаѓањето на Турците била срушена. И немале верски храм ни едните ни дргите. Така жителите христијани од Будаково се служеле со црквата од соседното село Трап, со кое речиси се роднински и пријателски поврзани. Џамијата во Будаково е изградена во поново време. Селска слава им е Бајрам.