Мојно
Името на селото потекнува од првиот жител на оваа месност, чие име било Моин, и од неговото име се трансформирало денешното име Мојно.
Селото е ридско, сместено на 710 м. надморска височина. Од Могила е оддалечено 20 км., од Битола 31 км. Селото е сместено во котлината Пелагонија, североисточно од Битола и е најисточно село во Општина Могила.
Мојно е мала населба која во 1961 г. имала 258 жители, а во 2002 г. 71 жител. Бројот на иселеното население изнесува над 200 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Долно и Горно Оризари, прекуокеанските земји и Европските држави. Во 2008 г. во селото имаше 65 жители. Денес (2018) во селото има околу 12 куќи во вкупно 50 жители.
Црквата Св. Атанасиј е главна селска црква, изградена во 1871 година. Слава на селото е Атанасовден.
Лилјак е археолошки локалитет во битолското село Мојно. Локалитетот претставува населба од железно време. Се наоѓа на околу 1,8 км источно од селото и на околу 300 м северно од превојот преку кој минува патот Мојно - Орле, каде на тесен гребен на Селечка Планина се гледаат остатоци од мала населба, а по површината множество фрагменти од керамички садови.