Трап

        Населбата се наоѓа речиси во средишниот дел на Битолското Поле, и во средината на Општина Могила. Селото е рамничарско, сместено на 584 м надморска височина. Конфигурацијата на теренот каде што е расположено селото е налик на блага долина, затоа народот го именувал со зборот Трап.

        Населбата во 1961 г. имало 316 жители, во 2002 г. се намалил на 175 жители. Бројот на иселено население изнесува околу 200 жители. Најголем број се иселиле во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европските држави. Во 2008 г. во селото имаше 170 жители.

        Во селото има црква посветена на Св. Петка (изградена 1830 г. обновена по Првата светска војна и најпосле во 90 години на 20 век). Слава им е Св. Пантелејмон.

        Трап е археолошки локалитет во битолското село Трап. Локалитетот претставува некропола од железно време. Се наоѓа во атарот на селото, каде локален жител орајќи во блокот на ЗИК „Пелагонија“, открил три гроба градени од монолитни камени плочи и во нив накит од бронза. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.

        Св. Петка е археолошки локалитет во битолското село Трап. Локалитетот претставува осамен наод од старохристијанско време. Се наоѓа во дворот на црквата „Св. Петка“, каде има мермерни сполии, и тоа: две мермерни плочи, надгробна стела вградена во темелот на црквата, мермерен столб и друго.

Цркви и Манастири

Св. Петка