Дедебалци

        Населбата се наоѓа речиси во средишниот дел на на Битолското Поле. Селото е рамнинско, сместено на 593 м.н.в. Лежи на локален пат, од Могила е оддалечено 10км, а од Битола 20км.

        Дедебалци е средна по големина населба. Во последните децении бројот на жителите значително се намалил. Во 1961 година селото броело максимум 560 жители, а во 2002 година бројот се намалил на 288 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 200 лица. Најголем број се иселиле во Битола, Скопје, Демир Хисар, Европа и прекуокеанските земји.

        Селска слава е Св. Воскресение Христово - Велигден.

 

Цркви и Манастири

Св. Воскресение Христово