Могила

        Населбата го добила името по апелативот Могила – гроб, споменик, бидејќи имало остатоци од некогашни гробници кои народот ги викал могили.

        Оваа голема и развиена рурална населба се наоѓа во средишниот дел на Битолскот Поле и претставува седиште на истоимената Општина. Лежи непосредно на патот Битола-Могила. Од Битола населбата е оддалечена 10км. Селото е рамничарско на 582м.н.в.

        Во селото има основано спортско друштво и фолклорна група. Могила е развиена населба а со намален тренд на популацијата. Така во 1961г. имало 2038 жители, а во 2002г. – 1526 жители.  Поради миграционите движења околу 1000 лица го напуштиле селото. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, Прилеп, преку океанските земји и Европските држави. Доколку би се вратиле сите иселени, населбата би броела над 4000 жители.

        Селска слава им е Св. Архангел Михаил и Св. Елена и Константин.

 

Цркви и Манастири

Архангел Михаил