Чегељ

        Селото Чегељ го нема на георафските карти. Раселено е пред еден век откако во два наврати беше запалено и изгорено до темел. Местоположбата му беше на 3 км. југоисточно од селото Грумази, до патот кој води од село Гнилеш кон Ивени, односно во срцето на Битолско Мариово и на центарот на Општина Новаци.

        Денес само старите гробишта и по некој камен темелник скриен во тревата се единствените неми сведоци дека таму имало живот.

        Најверојатно после големите пожари, жителите на село Чегељ се преселиле во соседните села, а нивното поколение денес живее ширум светот.

        Еден од ретките и единствен досега кој се вратил на дедовото огниште е Слободан Трајковски. Тој изгради фарма и сега се занимава со сточарство.