Базерник

        Базерник - село во западниот дел на Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

        Атарот на селото се издига до сртот на Плакенска Планина. Базерник е планинско село, на надморска височина од 950 метри.

        Од регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, селото е оддалечено 5,5 километри, од општинското средиште градот Демир Хисар 22 километри.

        Атарот на селото зафаќа простор од 13 км², при што преовладуваат шумите со површина од 734,1 хектар, потоа пасиштата со 340,2 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 172,4 хектари.

        Селото има мешовита земјоделска функција, при што било застапени земјоделството, заедно со сточарството и шумарството.

        Во 1948 година, селото броеше 412 жители, во 1961 година 244. Според последниот попис од 2002 година, селото броело 52, а денес има околу 10 постојани жители.

 

Цркви и Манастири

Св. Атанас