Железнец

        Селото Железнец се наоѓа во северозападниот дел на Општина Демир Хисар, сместено во непосредна близина на изворот на Црна Река. Атарот зафаќа простор од 12,8 км2. Селото е сместено на 720 метри надморска височина.

        Во атарот на самото село се наоѓаат изворите на Црна Река. Најголемиот извор е врелото Црна Дупка што се наоѓа над селото, додека во месноста Горно Маало има уште два извори, иако со помала издашност, никогаш не пресушиле.

        Железнец е сместено во клисура на самиот регионален пат Битола-Кичево.

        Селото е познато по изворите на Црна Река, а воедно од 2004 година претставува заштитен споменик на културата како целина, поради препознатливата архитектура присутна во селото.

        Во 1900 година, селото броеше 320 жители, во 1953 година 398,  сите Македонци христијани. Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 57 жители. Денес има околу 15 постојани жители.

 

Цркви и Манастири

Пресвета Богородица