Доленци
Доленци се наоѓа во средишниот дел на етнографската област Железник (Демир Хисар). Сместено е во дол, меѓу ридовите: Задел, Кула и Осон на надморска височина од 720 метри.
Непосредно покрај селото минува регионалниот пат Битола-Кичево. Од Битола е оддалечено 45 км, од Кичево 32 км, а од Демир Хисар 17 км.
Доленци има четири маала: Горно Маало, Сретсело, Долно Маало и кај Брезоштица. Во селото работи училиште до 5 одделение
Во 1905 година, селото броеше 360 жители, во 1953 година 464, сите Македонци христијани. Според последниот попис од 2002 година, селото броело 97, а денес има околу 50 постојани жители.
Цркви и Манастири
Пресвета Богородица
Пресвета Богородица
Општина Демир Хисар