Брезово

        Брезово се наоѓа на патот момеѓу селата Доленци и Зашле, оддалечено 8 километри од магистралниот пат Кичево - Демир Хисар. Селото лежи во карпесто подножје на планината Лубен што изобилува со варовен камен надалеку познат за производство на вар. Најголем дел од живеалиштата се поставени на левата страна од Брезовска Река, на релативно коса стрмнина.

        Селото се наоѓа на надморска височина од 840 до 1.100 метри и до него води асфалтен пат.

        Во времето на Отоманската Империја, оваа територија ја бранеле војводите: Јордан Пиперката, Никола Врба, Костадин Војводата - Капиданот и Сотир Христов - Војводата.

        Од бурните настани произлегле многу песни кои денес влегуваат во македонската ризница на народното творештво. Ова село е отпеано со високо чувство на патриотизам и вековна желба за слобода. Исто така се врзува и познатата народна песна “Оган го гори Брезово Македонијо”, посветена и испеана од народнот за Илинденците, за познатиот војвода Јордан Пиперката 

        Во 1905 година имало 800 жители. Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 62 жители, сите Македонци. Денес само околу 30 жители.

        Во селото постојат поголем број на варници, кои во минатото биле многу користени а некои се активни и денес.

        Многу луѓе од Брезово заминале во потрага по подобар живот во поблиските градови во Македонија, како: Демир Хисар, Битола, Кичево, Прилеп, Скопје и други, а голем број отишле во странство: Србија (Брезовци во Србија се познати како големи пекари), Европа, САД, Австралија итн.

 

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи

Св. Илија

Св. Никола