Зашле

        Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 32 километри од градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.

        Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).

        Во Зашле има две прекрасни природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.

       Од 1996 година патот е целосно асфалтиран, има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои за жал сега се напуштени.

        Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.

        Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.

        Во 1961 г. селото броеше 402 жители, додека во 2002 г. Според последниот попис бројот се намали на 42 жители. А денес има околу 20 постојани жители. Голем дел од иселеното население  се доселило во Демир Хисар, Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.

Цркви и Манастири

Св. Илија

Манастир Св. Ѓорѓи