Ракитница

        Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 690 метри.

        Атарот на селото зафаќа простор од 17,6 км², при што преовладуваат шумите со површина од 850 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 427 хектари, а на пасиштата 289 хектари.

        Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.

        На 23 јули 1902 година (нов стил) кај селото Ракитница дошло до битка помеѓу четата на војводата Веле Марков и турската војска. Во битката загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа.

        Според кажувања на локалните жители, селската црква Св. Димитрија потекнува од Византиски период.

        Ракитница е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 305 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 40 жители македонско население. Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 37 а денес само 10 постојани жители, сите Македонци.

 

Цркви и Манастири

Св. Димитрија