Ново Село

        Ново Село се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри.

        Атарот на селото зафаќа простор од 5,4 км², при што преовладуваат шумите со површина од 282 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата 81 хектар. Селото во основа има полјоделска функција.

        Селото е мало, коешто во1905 година броело 300 жители, во 1961 година броело 239, а во 1994 година 50 жители македонско население.

        Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 35 а денес само 12 постојани жители, сите Македонци.

Цркви и Манастири

Св. Архангел Михаил