Сладуево

        Сладуево се наоѓа на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево, до самиот тек на Црна Река. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 635 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4 километри.

        Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,2 км², при што преовладува обработливото земјиште со 80 хектари. Селото во основа има полјоделска функција.

        Сладуево е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 109, а во 1994 година бројот се намалил на 81 жител.

        Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 77, а денес околу 60 жители, сите Македонци.

 

Цркви и Манастири

Св. Илија