Церово

        Населбата се наоѓа на југозападниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плаќенска Планина, каде што се допира со просторот на Општината Ресен. Селото е планинско, на надморска височина од 970 метри.

        Атарот зазема простор од 7,7 km2. На него шумите зафаќаат површИна од 364 ha, на пасиштата отпаѓаат 213 ha, а на обработливото земјиште 175 ha. Населбата е мала и веќе е наполно раселена.

        Во 1961 година имала 211 жители, во 1994 година, само 10 жители, Денес, за жал, селото нема ниту еден постојан жител, но има по некој кој за викенди го посетува родното огниште.

Цркви и Манастири

Св. Петка

Манастир Св. Илија