Белче

        Белче се наоѓа на десниот брег на реката Црна, на 2 километри северно од општинското средиште, Демир Хисар. Сместено е во подножјето на ридот Илиница.

        Атарот на селото изнесува 3 км², од кој обработливите површини изнесуваат 89,7 хектари, пасиштата 59,4 хектари, а шумите 136,8 хектари.

        Во 19 век, Белче се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

        Во 1948 година, селото броеше 154 жители, во 1981 година 199. Според последниот попис од 2002 година, селото броело 245, а денес има 200 жители, сите Македонци.

 

Цркви и Манастири

Св. Никола