Демир Хисар

        Демир Хисар — град во југозападна Македонија и административен центар на општина Демир Хисар. Градот се наоѓа во ридско-планински регион, а мал дел по течението на Црна Река е низински.

        Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв од 2.000 м, кои што ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област. Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник или Железнец, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро Кастрон, што од грчки значи Железна Тврдина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Тврдина. Тоа е името што и денес го носи.

        Во почетокот на XVII век, во Битолско постои христијанското село Мургаш. Во судскиот регистар на битолскиот кадија од 1640 година се споменува, дека поради прекумерно зголемување на арачот и другите вообичаени немуслимански даноци, целото население на селото, освен еден, „неверникът Дую“, пребегало. Бидејќи долговите и даноците беа побарани од страна на Дуј, тој, исто така избегал, а властите се обиделе да го вратат со поедноставуање на некои давачки.

        Населбата почнува да се развива некаде од средината на декември 1945 година, кога во Демир Хисар е формирана општествено – политичка административна заедница – Околиски народен одбор, прво со седиште во с. Лопатица, а од пролетта 1946 година, по извршената територијална исправка, седиштето е пренесено во село Мургашево, со седиште во стариот Слепчански ан (на местото на денешната автобуска станица).

        Демир Хисар како урбана населба, од своето формирање постојано бележи пораст на населението. Така спрема пописот во 1961 г. населбата броела 1129 жители. Во 1981 година имало 2283, а во 1985 – 2633 жители. Тоа докажува дека луѓето од селските населби нагло ги напуштале своите домови и се населувале во Демир Хисар. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 2.593 жители.

        Денес, Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која ги има сите услови на мало гратче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици и поврзана е со современ коловоз со соседните градови Битола (28 км), Крушево (25 км), Кичево (51 км) и Прилеп (38 км).

Цркви и Манастири

Св. Никола

Џамии

Џамија