Стругово

        Стругово се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од Општинскиот центар и од патот Демир Хисар - Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 710 метри. Атарот зафаќа простор од 16,7 км2. Селото има мешовита земјоделска функција.

         Во него работи основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар.

        Според името на главната селска црква за Патрон и заштитник на селото Струговци за своја селска слава го имаат Св. Атанасиј Велики.

        На помалку од 2км над селото се наоѓа Манастир посветен на Св. Антониј.

        Во стари книги и археолошки записи за Стругово е запишано дека на 1,5 километар северозападно од селото на простор обраснет со дабово лескова шума во месноста “мало чешме“ или “пајнчари“ се наоѓала некропола од рано античко време.

        Населбата е средна по големина, населена со македонско население. Таа во 1961 година имала 607 жители, во 1994 година 353, во 2002 година 286 а денес нешто повеќе од 200 жители.

 

Цркви и Манастири

Св. Атанас

Манастир Св. Антониј