Загориче

        Загориче се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Демир Хисар. Од општинскиот центар - градот Демир Хисар, е оддалечено 6 километри, а од патот Демир Хисар-Битола 1,3 километри. Населбата е рамничарска на надморска височина од 674 метри. Атарот е мал и зафаќа простор од 4,1км2.

        Во основа, селото има полјоделска функција.

        Во Загориче имало Основно училиште, подрачно на Основното училиште Гоце Делчев - Демир Хисар што било заедничко со соседното село Утово но денес тоа не работи. Исто така во селото има и споменик од НОБ

        Црквата „Св. Никола“ е заедничка со соседното село Утово.

        Населбата е мала по големина. Во 1961 година Загориче имало 247 жители а според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 115 а денес нешто помалку од 100 жители.

 

Цркви и Манастири

Св. Никола