Обедник
Обедник се наоѓа на крајниот јужниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, во областа Железник, 10км оддалечено од градот Демир Хисар а 40 км од Битола.
Селото е рамничарско и лежи во горниот дел на текот на Црна Река. Тоа е сместено во мала долина меѓу планините Бигла на југ и Плакенска Планина на север на надморската височина од 750 метри. Атарот зафаќа простор од 21,3км2. Селото има полјоделска шумарска функција.
Во селото се наоѓа Основно училиште „Даме Груев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Даме Груев“ - Смилево.
Обедник е најголемо етничко мешано населено место во Општина Демир Хисар.
Населбата е средна по големина. Во 1961 година Обедник броел 408 жители а според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 273 жители, од кои 134 Македонци и 139 Албанци.
Во селото Црквата е посветена на „Успение на Пресвета Богородица“ што е и главна селска црква, изградена во 1974 година а исто така има и Џамија.