Мало Црско

        Населбата е планинска на 980м.н.в. и се наоѓа на територијата на Општина Кичево , недалеко од десната страна на патот Демир Хисар - Кичево. Иако се смета за кичевско село, Мало Црско всушност е демирхисарско село. Од градот Кичево Мало Црско е оддалечено 28км. Населбата е мала и во фаза на целосно раселување. Во 1961година броела 122 жители, а во 2002г. само 1 жител.

        Според едни во далечното минато двете села претставувале една единствена селска населба и се наоѓале во месноста Грмаѓе. Неговите жители за да ги избегнат честите грабежи и пљачки се повлекле подалеку од комуникацијата во долините на планините Влак и Осој, односно ги формирале сегашните две села.

 

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи

Св. Илија

Св. Недела