Крушевица

        Селото Крушевица се наоѓа во Приепскиот дел на Мариово односно на 26 јужнио од Прилеп. Крушевица е ридско село, на надморска височина од 759 метри. Сместено е на источната падина на Селечка Планина непосредно веднаш под нејзиниот највисок врв Висока (1471 м.н.в.).

        На нивите и ливадите во непосредната близина на селото Крушевица се застапени крушовите дрвја. Според кажувања на жителите, крушовите насади кои во најголем дел се од зимните жолти круши (кантарки) имаат толкава родност што селаните береле по пет и повќе товари круши, кои стасувале за јадење и употреба од Голема Богородица на крајот на летото до Благовец во средината на пролетта. Голема е веројатноста поради изобилството и големиот број на круши селото го добило името Крушевица. 

         Поради емиграција на населението, Крушевица преминала од средна во мала населба. Така селото во 1961г. имало 637 жители, а до 2002г. – 87 жители.

        Најзначајна културно-историска знаменитост во непосредната околина на Крушевица се ископините од остатоците на античко македонскиот град Пелагонија кои се наоѓаат веднаш на самиот врв Висока. Истражувањата на овој археолошки локалитет се сѐ уште во тек и тој е прогласен за капитален проект од национален интерес за 2015 година.

 

Цркви и Манастири

Св. Недела

Св. Архангел Михаил

Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден)