Витолиште

        Селото Витолиште претставува рурален центар и најголемо село во Прилепскиот дел на Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на реката Црна (предел познат како Старо Мариово). Витолиште има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 63,3 км2, Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 830м.н.в. Селото е оддалечено од градот Прилеп 46 km.

        Витолиште, како и останатите мариовски села, го опфатило процесот на масовно иселување на населението. Од 1291 жител во 1961год., нивниот број се намалил на 170 жители во 2002 година.

        До 2004 година селото било општински центар на општина Витолиште, која денес е присоединета кон општина Прилеп. Мариово е историски,културно и природно богат регион кој за само 50ина години тотално изумира.

        Витолиште е опишано во романите на познатиот македонски писател родум од Мариово,Стале Попов

        Селска слава: Св. Атанасиј Велики (31 Јануари – зимен).