Гермијан

        Поранешното име на оваа село било Коњари, што било во врска со истоименото население, што го доселиле турците од Азија. Сегашното име на населбата е во врска со фактот дека нема чешма, а со вода се снабдувале од бунари, а колонизираното српско население што било донесено по балканските војни ги викало герами, затоа и населбата ја нарекувале со ова име.

        Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на Битолското Поле. Населбата е рамнинска, на средна надморска височина од 598 м. Од Новаци е оддалечено 21 км., а од градот Битола 22 км. Гермијан е средна по големина населба, но со намалување на населението. Така бројот од 601 жител регистриран во 1953 г. се намалило на 257 жители во 2002 г.

        Бројот на емигрирано население изнесува над 400 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје,  прекуокеанските земји и Европа. Денес (2018) во селото има 230 жители. (16 дечиња од 1 до 5 одделение)

        Црквата Св. Ѓорѓи е главната селска црква, градена во 1860 година. Слава на селото е Ѓурѓовден.

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи

Св. Климент Охридски & Пресвета Богородица