Брод

        Името на селото потекнува од верувањето дека во старо време, на ова место Црна Река, се преминувала со еден вид бродчиња од чие име подоцна местото го добила името.

       Населбата се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле и  во јужниот дел на Општина Новаци. Селото е лоцирано непосредно од левата страна на Црна Река. Населбата е ридска на 593 м. надморска височина. Од Новаци е оддалечено 15 км., а од Битола 28 км.

       Од оваа населба се иселил голем број од населението и таа од голема преминала во мала населба, доведена дури и во фаза на раселување.  Според податоците од 1961 г. селото достигнува максимум од 846 жители од кога постепено почнува да се намалува, за во 2002 г. се регистрираат 57 жители. Бројот на емигрираното население изнесува над 500 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, преку океанските земји и Европа. Во 2013 година селото брои 21 жител.

        Во селото постои црквата Св. Никола. Празник на селото е Св. Никола летен, а го служат и Ѓурѓовден.

        Сарај е археолошки локалитет во битолското село Брод. Локалитетот претставува некропола од железно време. Се наоѓа под селото, на левиот брег на Црна Река, кога при регулацијата на нејзиното корито во 1954 година била откриена некропола на која во истата година биле извршени заштитни ископувања. Гробните конструкции се од сивозелен шкрилец и во облик на циста. Од гробни прилози се најдени керамички садови и накит од бронза кои се чуваат во Музејот во Битола.

Цркви и Манастири

Св. Талалеј