Гнилеш
За името на оваа населба постои легенда која вели дека селото си го добила ова име по својот изглед како мало село, која во споредба со атарски простор изгледало многу ситно па затоа околните населби го викале гнила, гнидеш и на крајот се трансформирало денешното име. Според кажување на некои староседелцилите кога некои жители носеле дрва од шумата, некој ги видел и рекол ене ги оние идат со гнилите дрва. Гнили дрва - гнили и се трансформирало во Гнилеш.
Ова мала населба се наоѓа приближно во среднишниот дел од територијата на Општина Новаци на јужните разграноци на Селечка Планина и на просторот на Битолско Поле.
Селото е ридско на 860 м. надморска височина, од Новаци е оддалечено 17 км., а од градот Битола 28 км. Атарот е голем и зафаќа простор од 20,8 км2.
Во Гнилеш имаше и основно училиште до 4 одд. Потоа учениците образованието го продолжуваа во село Брод.
Населбата е мала во фаза на наполно раселување. Во 1953 година селото броело 170 жители, а во 2002 бројот се намалил само на 5 жители. Во 2008 г. имаше само 2 жители.
Во селото се наоѓа полусрушена црква Св. Богородица која порано била главен селски храм. Покривот е срушен пред повеќе од 15 години. Дел од работите од црквата се пренесени во Манастирот Св. Илија кој се наоѓа над селото и е изграден во поново време (1972).
Селска слава им е Велигден.
Околу црквата Св. Богородица може да се забележат повеќе спомен плочи од Првата светска војна.