Скочивир

        Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Битолското Поле, на територијата на Општина Новаци. Селото е ридско и лежи на 585м.н.в. Од Новаци селото е оддалечено 19км. А од Битола 34км. Под селото минува Црна Река и нејзиното корито се стеснува, такашто веднаш под Скочивир, влегува во клисура.

        Од оваа населба се иселил значителен број од населението и таа од средна преминала во мала. Така во 1961г. Скочивир броел 503 жители, за да во 2008г. останат само 12 жители. Бројот на иселеници над 300 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, преку океанските земји и Европа. Доколку би се вратиле бројот би се зголемил на над 500 жители.

        Во селото има црква посветена на Св. Петка (изградена 1860г.) и манастир Св. Архангел Михаил.

 

Цркви и Манастири

Св. Петка

Св. Архангел Михаил