Орле

        Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, оддалечено 34 км. североисточно од Битола. Сместено е на падините на Селечка Планина, на надморска височина од 830 метри, и се смета за ридско село. Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него пасиштата заземаат површина од 593 ха, a на обработливото земјиште отпаѓаат 220 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција.

        На­сел­ба­та е ма­ла, во фа­за на рас­е­лу­ва­ње. Та­ка, во 1961 го­ди­на се­ло­то бро­е­ло 226, а во 1994 го­ди­на са­мо 26 жи­те­ли, на­се­ле­но со ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние. Денес (2015година) во селото има само 4 жители.

        Храмот Св. Недела во село Орле потекнува од 1860 г. Возобновувана повеќе пати, а од темел изградена со нов облик во 2000 г. Празник на селото е Велигден.

Цркви и Манастири

Св. Недела