Маково

        Тоа е првото мариовско село, после Преслапот (преминот) кој претставува влезна порта на јужно Мариово. Веднаш по Преслапот во Маковската котлина е сместено селото Маково. Легендата на името на оваа населба кажува дека името го добило по првиот жител , некојси Маке или Мако.

        Населбата се наоѓа на крајниот дел на Битолско Поле, лоцирана речиси на сртот на селечка планина, и во северозападниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е ридско  на 720м.н.в. Од Новаци е оддалечено 18км, а од Битола 29км.

        Маково во 1961г. имала максимум 515 жители. А во 2008г. - 50 жители. Бројот на иселени од Маково е над 400 жители. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, преку океанските земји и Европа.

        Слава на селото е Велигден.