Мегленци
Мегленци е мала населба сместена меѓу селата: Арматуш, Долно Орехово, Суводол и Агларци во источниот дел на Битолското Поле. Се претпоставува дека селото го добило името по планината Меглен. Името на селото можно е да доаѓа од фактот што над селото многу често има магла, па затоа жителите своето селот го завикале Магленци (претпоставка).
Селото Мегленци е ридско на 745 м. надморска височина. Во 1900 година населбата имала 100 жители. Од Битола е оддалечено 19 км., а од Новаци 8км. Атарот зафаќа површина од 8,2км2. Во 1961 година селото го достигнало максималниот број од 320 жители. Додека во 2008 беше во фаза на раселување. Бројот на иселеници изнесува околу 300 жители.
Во атарот на селото се наоѓа манастир Св. Никола изграден 1880 година. Во 1918 година бил срушен, а во 1926 година бил обновен со името Св. Воскресение. Слава на селото е Св. Никола летен и Велигден. Во 2008 година селото имаше 12 жители. Денес (2018) има помалку од 5 постојани жители.