Суводол

        Селото го добило името по сувиот дол кој се протегал низ село и имал вода само кога ќе заврне пороен дожд. Населбата се наоѓала во источниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Новаци. Од Битола била оддалечена 17 км. Атарот зафаќал простор од 9,3 км2.

        Од Суводол се иселил голем дел од населението и селото преминало од средна во мала населба.  Така во 1961 селото имало максимум 550 жители, во 1994 бројот се намалил на 17, а во 2002 година само на 2 жители.

        Денес селото целосно е раселено, односно неговиот атар претставува ископ на РЕК Битола. Најголем број од жителите на селото денес живеат во Битола, во Брусничка населба, Стрелиште – Горно Оризари и Буковски Ливади. Храм во селото бил Рождество на Пресвета Богородица изграден во 1860 година. Слава на селото била Мала Богородица.

        Од 1978 година селото е раселено.

        Манастирот Св. Никола е преселен на северниот рид од вештачкото езеро на РЕК – Суводол.

Цркви и Манастири

Манастир Св. Никола