Далбеговци

        Второ запишано име е Далбекли. Населбата била чифлик на некоја беговска фамилија Далип.

        Населбата се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци во Битолското Поле. Селото е рамничарско на 584 м. надморска височина. Од Новаци населбата е оддалечена 8 км,. а од градот Битола 19 км. Во Далбеговци има основно училиште до 5 одделение и во него учат 17 деца. 

        Во 1961 г. селото броело 474 жители, додека во 2002 бројот се намалил на 178 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 300 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, Новаци,  прекуокеанските земји и Европа. Денес, (2019 година) селото брои околу 180 жители.

        Селска црква е Св. Воскресение Христово, црквата е изградена во 1868 г. и неколку пати возобновена. Слава на селото е Велигден.

Цркви и Манастири

Св. Воскресение Христово