Трновци
Населбата се наоѓа на крајниот северен дел на Битолското Поле, на територијата на Општина Могила, чиј атар се допира со Општина Крушево. Селото е рамничарско, на 630 м надморска височина. Од Могила е оддалечено 21 км., а од Битола 29 км.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) кога имало 22 семејства.
Атарот зафаќа простор од 11,8 км2. Селото во основа има полјоделска функција. Населението се занимава со полјоделство (жито, зеленчук, тутун), сточарство.
Во него работи основно училиште до 5 одделение.
Трновци во 1953 година имало максимум 1312 жители. Од тогаш заполнува иселувањето на Турците за Турција. Така во 1961 година имало 839 жители, од кои 808 биле Македонци, а 27 Турци. Во 2008 година бројот се намалил на 420 жители.
Бројот на иселените изнесува над 1500 лица. Најмногу иселеници има во Битола, Прилеп, Скопје, Турција, прекуокеанските земји и Европа. Доселено население има од с. Вардино, Боишта, Растојца, Света, Ракитница, Мренога и др.
Во селото има храм посветен на Рождество на Пресвета Богородица (изграден 1883 година, обновен по Првата светска војна 1926 и во 1980 година). Слава на селото е Мала Богородица на 21 Септември.